Share on:    

НАШИОТ ТИМ

Aleksandra Podolesova

Др.Александра Подолешова м-р

Специјалист по лингвална ортодонција

Др.Александра Подолешова м-р специјалист по ортодонција завршила Стоматолошки факултет во Скопје во 2001 година. Работи на клиниката за ортодонција при ЈЗУ Стоматолошки клинички центар во Скопје од 2002-2012 година. Се стекнува со титула магистар по стоматолошки науки од областа ортодонција во 2009 година, а специјализира 2010 година. Од 2012 година работи во Стоматолошката ординација Бисер дент.

Поле на особен интерес и ангажирање и претставува функционална оклузија, проблеми со темпоромандибуларен зглоб со лингвалната ортодонција. Во текот на својата работа постојано посетува курсеви, симпозиуми и конгреси каде ги надоградува своите знаења. Др.Александра Подолешова е KOL за фирмата Edelweiss Dentistry Products GmbH и фирмата FORESTADENT Bernhard Förster GmbH.

Nikola Podolesov

Др. Никола Подолешов

Доктор на стоматологија

Др.Никола Подолешов завршил Стоматолошки факултет во Скопје 1997 година. Тој има 20 годишно искуство и високи познавања во областа на реставративната стоматологија. Тој ја основа неговата приватна ординација во 1998 година целосно ориентирана кон естетската и реставративната стоматологија, Edelweiss veneer system и ендодонција. Др. Никола Подолешов е опинион лидер за фирмата GC во Македонија.


Поле на особен интерес му претставува функционална оклузија, проблем со темпоромандибуларниот зглоб и современа ресставративна стоматологија според принципите на Dawson Academy. Др. Никола Подолешов е консултант и предавач за фирмата Edelweiss Dentistry Products GmbH - Austria. Се одликува со особена исполнителност, организираност и професионалност во секојдневната работа, како и срдечност во комуникацијата со пациентите.