Loading...

Алајнери


Ortho Expert Aligners

Алајнери се прозирни пластични тенки фолии кои се поставуваат врз забите. Третманот со алајнери претставува тренд во модерната ортодонција. Особено во терапијата на возрасни пациенти овој концепт е докажан како успешен со високо ниво на комфор. Предности на терапијата со алајнери:

  • ефективни - третманот дава прецизни резулати за кратко време
  • подвижни  - лесно се вадат за јадење и четкање на  забите
  • транспарентни - невидливи при зборување и смеење
  • комфорни - мазни тенки не иритираат како присуство на брекети и жици
  • економични  - во многу случаи терапијата може да биде поекономична од други ортодонтски третмани

Третманот се одвива во 4 чекори: консултација, земање на отисоци, дигитална анализа, план на терапија и изработка на алајнери. Во нашата ординација алјнерите се планираат и изработуваат со примена на дигитална технологија.