
Во нашата ординација се користат метални самолигирачки протези на Forestadent познати како Bioquick. Особено сме горди на новата smile Rx прескрипција која дефинира беспрекорна, широка насмевка според најновите сознанија. Третманите со самолигирачките протези се пократки, даваат побрзи резултати, контролите се на подолг временски период, а при тоа задржувањето во ординација пократко поради лесната манипулација со нив.