Ласерот претставува современа технолошка направа која произведува сноп на концентрирано светло.
Овој контролиран светлосен сноп внесува енергија длабоко во пародонталните џепови (киретажа со ласер) и врз гингивата (хирургија) со цел да ја отстрани инфекцијата внатре во пародонталните џепови и да се изведат различни типови на периодонтална хирургија (пр.издолжување на коронката на забот). Овој сноп на светлина и топлина има ефект на стерилизација така што ги уништува бактериите во пародонталните џепови и го сопира крварењето од крвните садови, при тоа намалувајќи ја можноста од инфекција и крварење.
Третманот е многу пријатен за пациентот, најчесто без потреба од анестезија.
Постојат повеќе предности во користењето на ласерските третмани. Тие вклучуваат:побрзо оздравување, помалку време во третмани, помало крварење, намален ризик од инфекции, намалена сензитивност полесен пост-оперативен план.